Нашиот познат водител сподели преубава вест – изгледа пресреќно, честитки добива од сите страни
Се израдува и од подарокот што го доби
Ова беше посебен ден за нашиот водител
Нашиот познат водител Ване Марковски го прослави роденденот, а на неговиот Инстаграм се појавија голем број честитки.
Тој цел ден добиваше честитки од своите пријатели и колеги, кои дополнително му го разубавија овој ден на водителот.
Тој си доби и еден податок што посебно го израдува, а тоа е влезница за една луда журка која планира да ја посети.
Инстаграм/ Ване Марковски
Потсетуваме, Ване се прослави додека водеше една позната кулинарска емисија кога ги собра симпатиите кај сите жени во државава.
Инстаграм/ Ване Марковски
Тогаш многу тетки одвај чекаа да им дојде на гости во домот и заедно со него да зготват некој вкусен рецепт, а во една пригода Ване го прашавме токму за овој период од животот, па еве што ни откри:
„Да, тоа е еден убав спомен, но и проект кој додека сум жив и работам ќе знам дека истиот ми го одреди правецот што ќе работам понатака. Се почна случајно, по идеја на тогашната програмска директорка во Канал 5, Марија Саздева. Ретко кој знае, но на почетокот тој проект не го сакав воопшто и целата прва сезона ја истерав со „туркање’“.
Инстаграм/ Ване Марковски
„Но, како што поминуваше времето, работите се променија. Многу луѓе запознав, многу рецепти. Сакам да готвам и за себе и за пријателите, но и сакам да декорирам. Правам доста интересни комбинации на наша традиционална кујна и некои модерни јадења“, ни откри во една ригода водителот Ване Марковски.
На целото интервју со него може да се потсетите тука…