Нашиот познат пејач стана татко по трет пат – објави прва фотографија од ќерката која доби преубаво име
Даниел Кајмакоски никогаш посреќен, си доби ќеркичка
Емилија Кајмакоска. Значи, најголемата авантура во мојот живот започна напиша Кајмакоски под фотографијата.
Познатиот македонски пејач Даниел Кајмакоски по трет пат се оствари во улога на татко, па веднаш се пофали на Инстаграм.
Тој и неговата сопруга за својата ќерка избраа преубаво име, а колку е среќен Даниел кажува и пораката што ја објави.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Имено, Кајмакоски и неговата партнерка Марина на својата ќеркичка и го дадоа преубавото женско име Емилија.
Ова име носи преубава симболика, а потекнува од латинското Aemilius што според едно толкување било познато римско семејство, додека оригиналното значење на презимето се крие во симболиката „натпреварувај се“.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Ова име е популарно кај нас, но и во соседството, а покрај Емилија Даниел со Марина го има и синот Стефан.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Пејачот има и едно дете со 13 години помладата Кристина Димитриевска со која во 2017 година го доби синот Давид.
Принтскрин/ Јутјуб, Нешто конкретно
Но овој брак не траеше долго, а Кристина по разводот зачекори во музичките води и стана пејачка како и Кајмакоски.
Тие не се во добри односи, а тоа Кристина го потврди и деновиве како гостинка во емисијата Нешто конкретно (види тука).
Принтскрин/ Јутјуб
Потсетуваме, Кајмакоски по разводот од Кристина на почетокот од минатата година повторно застана на лудиот камен, а по неколку месеци го добија и првото дете кое го крстија Стефан.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Името Стефан пар има грчко потекло и е изведено од грчкиот збор стефанос што значи круна или венец, а важи за мошне популарно име во православниот свет.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски