Нашиот познат пејач сподели тажна вест – остана без најважната личност во неговиот живот (фото)
Ќе му недостига засекогаш...

Скршен од болка, се збогуваше од него со потресни зборови
Познатиот македонски пејач Дарко Илиевски со голема болка ја соопшти најтажната вест во неговиот живот.
Пејачот кој се прослави со учество во некогашното музичко шоу „Идол“ на својот профил на социјалните мрежи објави дека починал неговиот татко, оставајќи огромна празнина и голема болка во срцата на сите оние што го познаваа и беа блиски со него.
Фејсбук/ Дарко Илиевски
Илиевски со голема болка и тага ја соопшти оваа трагична информација на својот профил на социјалните мрежи и ги изрази своите емоции со фотографија на која се прегрнува со својот родител.
Потсетуваме, Дарко се прослави со учеството во „Идол“ и беше еден од нашите најпознати пејачи на почетокот од 2000-те.
Фејсбук/ Дарко Илиевски
Но и покрај тоа што пред него беше голема кариера, Дарко во еден момент се повлече целосно од музичките води.
Фејсбук/ Дарко Илиевски
Фејсбук/ Дарко Илиевски
Неколку години подоцна, односно во 2016 година, се пресели во Америка заедно со љубовта на неговиот живот, Ивана.
Фејсбук/ Дарко Илиевски
Неговата сопруга е ќерка на славниот ди-џеј Славе Келешовски кој своевремено три пати беше прогласен за најдобар ди-џеј во Југославија.
Фејсбук/ Дарко Илиевски
Дарко и Ивана денес имаат две деца, а пејачот пред неколку години доби американско државјанство.