Нашиот познат пејач сподели РАДОСНИ ВЕСТИ – наскоро станува татко, го откри и полот на бебето (видео)
Познатиот пејач откри детали од својот приватен живот

Најубавата вест за денес…
Познатиот фолк-пејач Јордан Митев во една емисија откри дека наскоро повторно ќе стане татко.
Еден од најпознатите македонски фолк-пејачи Јордан Митев, неодамна ги изненади сите со својата нова песна.
Фејсбук/ Јордан Митев
Станува збор за песната „Ех што имам брачеди“ со која Јордан сите ги воодушеви, а сега, пред камерите во поткастот на јутуберот Стефан Лазаров, фолкерот откри уште една прекрасна вест.
Имено, Јордан беше расположен, па во шоуто даде ексклузивна информација и откри дека неговата сопруга е во блажена состојба.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Оваа вест како најава ја сподели и самиот Стефан Лазаров на својот Инстаграм, откривајќи дека Јордан ќе добие син.
Потсетуваме, Јордан во октомври 2023 година го доби своето прво дете -ќеркичката Кристина која се роди во Австралија.
Фејсбук/ Јордан Митев
Ексклузивната вест дека неговата сакана е во блажена состојба Јордан тогаш ја сподели со Гламур магазин, откривајќи дека по подолго време конечно тој и Славица ќе се остварат во улога на родители.
„Мислам дека одлично се снаоѓам и ќе се снаоѓам и во родителските води поради повеќе причини, а најголемите две причини се, нашата ќерка е плод на љубов и е долго очекувана, 6 години, и другата причина е што јас сум навикнат да функционирам, да живеам и да се грижам за семејство, иако немав досега деца“, изјави Јордан по раѓањето на неговата ќерка во интервју за Гламур магазин, додавајќи дека посебно е среќен што првото дете што го добиле со сопругата е женско.
Целото интервју со него прочитајте го тука.