Нашиот познат пејач се ожени – невестата преубава, младоженецот блеска од среќа покрај неа (фото)
Прекрасен пар

На свадбата беа присутни и многу познати ликови, а еден од нив посебно се истакна и привлече внимание
Познатиот пејач Стефан Филиповски од „Некст тајм“ се ожени со својата сакана Тинеа која блескаше во венчаницата.
На социјалните мрежи испливаа бројни снимки од нивната свадба, а претходно направија и венчавка во црква.

Инстаграм
Тие своето судбоносно „да“ го кажаа во храмот Свети Климент Охридски, а невестата изгледаше како принцеза.
Потсетуваме, Стефан во мај минатата година ги изненади сите кога откри дека ја запросил својата сакана.

Инстаграм
Тие претходно три години беа во врска, а една година по запросувањето се случи и свадбата за која сега сите зборуваат.

Инстаграм
Најромантичниот момент беше кога Стефан заедно со својата невеста запеаја пред гостите и ги исполнија целиот простор со емоции.

Инстаграм
Како изгледаше убавата невеста, но и младоженецот кој со својот елегантен стил ги воодушеви сите, погледнете во продолжение:

Инстаграм

Инстаграм
Инаку, на свадбата покрај бројните познати гости беше и Бојан Јовановски попознат како Боки 13.
Тој со своето екстравагантно издание не можеше да помине незабележано, а како изгледаше, погледнете тука.

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм




