Наши ѕвезди

Нашиот познат пејач работи на својата нива?! Во рацете – мотиката, на лицето насмевката и љубов во очите

„Ова парче земја го работам со љубов“ вели Спасен

Advertisement

Пејачот ги воодушеви сите со својата објава

Популарниот фолк-пејач Спасен Сиљаноски дефинитивно не е еден од оние наши познати кого славата го „удрила во глава“.

Advertisement

Па така тој и само еден ден откако ќе објави нова песна не се срами да покаже и како работи н нива и се грижи за домаќинството.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

„Нема одмора док траје обнова“, вели во шега Спасен во видеото, а како изгледа во ова свое издание, погледнете во продолжение.

Advertisement

Тој потоа се снимаше и како влегува во мраз студената река да се разлади, а со него беше и неговиот син Арсениј.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

И ова секако не е прв пат да го видиме Спасен во едно вакво издание, што кажува многу за неговиот карактер.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Ова видео секако дека воодушеви многумина, па под него се уште се редат бројни позитивн9и коментари од обожавателите.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Но и самиот пејач со описот што го напиша во видеото никого не остави рамнодушен, п истото ви го пренесуваме во целост.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

„Ова парче земја сум ја наследил од Татко ми. Татко ми ја наследил од Дедо ми, Дедо ми од прадедо ми и тн тн тн… Оваа земја е натопена со многу пот и крв. Оваа земја прехранила многу генерации од нашата фамилија. И затоа ова парче земја го работам со љубов, уживам во неговата Божја дар. Тоа парче земја ја знае целата историја на моето семејство. Кога би можела само да проговори…“

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

„Кога гледаш во неа патуваш во минатото, но ја гледаш и иднината. Среќен си и знаеш дека таа земја никогаш нема да те остави гладен во било какви природни и неприродни непогоди. Затоа ова парче земја за мене претставува непроценливо богатство. Помило од сите куќи, станови, вили, викендици кои што сум ги стекнал во текот на мојот живот. Затоа што оваа земја е мојот идентитет. Затоа што ова парче земја значи Живот“, напиша познатиот фолк-пејч на Фејсбук.

А како изгледаше Спасен во ова домаќинско издание, погледнете тука, а во продолжение слушнете ја и познатата песна „Како што е таа чаша“ во изведба на познатиот пејач.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button