Нашиот познат пејач никогаш потажен – скршен од преголемата болка со песна ги расплака сите
Го сакаше како син, па сега со оваа песна Наум Петрески се потсети на нивната дружба

Една од најтажните изведби на Наум Петрески
Нашиот познат фолк-пејач Наум Петрески растажи многумина со снимките што овие денови ги сподели на Фејсбук.
Имено, тој во рамките на проектот Македонијо во срце те носиме ја изведе песната „Ако умрам ил загинам“, а на снимката што ја објави се потсети на починатиот свој пријател Андреј од ДНК кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Принтскрин/ Инстаграм, Бекстејџ
Наум и Андреј беа мошне блиски, па сега познатиот фолк-пејач му ја посвети оваа негова изведба токму на него.
Како Наум звучи во оваа генијална изведба слушнете во продолжение:
Потсетуваме, Наум неодамна во интервју за ТВ магазинот Бекстејџ со солзи на очите зборуваше за другарството со Андреј.
Принтскрин/ Јутуб
Тие беа мошне блиски, па пејачот не можеше да ги сокрие емоциите додека зборуваше за него и заплака пред камерите.
Фејсбук/ Наум Петрески
Тој тогаш одвај собра сила да зборува пред камерите, а откри и дека толку биле блиски што Андреј во шега го викал тате.
„Како син го сакав“, изјави тогаш Наум.