Наши ѕвезди

Нашиот познат фолк-пејач со солзи на очите зборува за несреќата и големото срце на Андреј од ДНК

Едно од најемотивните интервјуа на Наум

Advertisement

Тажно видео со Наум Петрески

Нашиот познат фолк-пејач во најновиот ТВ магазин „Бекстејџ“ зборува за неговото пријателство со Андреј Ѓорѓиески од ДНК.

Advertisement

Тие одамна се познаваа, а и многу пати имаа соработувано, на што Наум се потсети, но и не можеше да ги сокрие емоциите.

Принтскрин/ Фејсбук, Бекстејџ

Имено, од видеото споделено на страницата на „Бекстејџ“ на социјалните мрежи се гледа како Наум со солзи на очите зборува за Андреј, но и за страшната несреќа во која загинаа многу млади луѓе.

Advertisement

Наум не можеше да ги сокрие емоциите и одвај собра сила да проговори за заминувањето на неговиот близок пријател.

Принтскрин/ Фејсбук, Бекстејџ

И по несреќата Наум сподели неколку тажни пораки, а скршен од болка во еден момент ги напиша и следниве зборови:

„Поцрно не сум се чувствувал никогаш“, напиша тогаш Наум на својот профил на Фејсбук (повеќе за ова прочитајте тука).

Принтскрин/ Фејсбук, Бекстејџ

Потсетуваме, Андреј Ѓорѓиески, пејачот на ДНК, беше еден од настраданите во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Пејачот загина откако повторно се врти во клубот за да спасува животи на други, но за жал од таму никогаш не излезе.

Покрај него, од вкупно 62 жртви, меѓу нестраданите се уште седум други членови на бендот – тапанарот Горги Горгиев, клавијатуристот Филип Стефановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, битбоксерот Мартин Атанасовски како и придружниот вокал и самохраната мајка Сара Пројковска.

Владимир Блажев – Панчо, кој заедно со Андреј го основаше бендот, преживеа, но се уште е на лекување во болница.

Ако утре ме нема

Многу наши уметници ги познаваа настраданите музичари и сите тие и денес тагуваат заради несреќата што ни се случи.

Од овие причини штипскиот актер Милорд Ангелов, кој беше мошне близок со клавијатуристот на ДНК, Филип Стефановски, кој воедно беше и директор на Центарот за култура во Штип, овие денови, на тркалезната маса на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, ќе потсети и на страшниот настан. Тој ќе посеочи дека токму сега, во посттрауматскиот период во кој се наоѓаме сите по несреќата, треба да се размисли и за тоа каков театар да и се понуди на публиката.

Фејсбук/ Маја Крстевска

„Театарот има улога да биде вид брза помош за народот. Болниците ја завршија својата работа, ама сега треба ние да ја преземеме работата. Ни требаат поведри теми – за надеж, љубов“ – изјави штипскиот актер Милорад Ангелов на тркалезната маса во Прилеп.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button