Наши ѕвезди

Нашиот победник Никола ова ќе го памти додека е жив – Македонија горда, цел Балкан со песна освои

Пејачот се огласи откако пристигна

Advertisement

Овие моменти нема никогаш да ги заборави

Никола Станишиќ по победата во „Ѕвездите на Гранд“ вчера се врати во Македонија каде величествено беше пречекан.

Advertisement

Една недела по триумфот во популарното шоу, Никола се врати во својот роден крај каде го очекуваа бројни пријатели и фанови.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На социјалните мрежи вчера се огласи и градоначалникот на Ѓорче, Александар Стојкоски, кој го организираше дочекот, па сподели и неколку фотографии од пречекот на новата ѕвезда.

Advertisement

И самиот Никола штом пристигна се огласи, така што сподели снимка на социјалните мрежи и го напиша следново:

„Моето Волково“, напиша тој.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Никола сподели и бројни фотографии и снимки од настанот, а насобраниот народ му честиташе и го скандираше неговото име.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

И неговиот настап беше проследен со многу емоции и солзи радосници, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Никола потоа им се заблагодари на сите што беа да го пречекаат, порачувајќи дека ќе даде се од себе да не ја изневери нивната доверба.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Тој откри дека планира наскоро и голем концерт кој ќе биде негов подарок за неговата верна публика која и го донесе до победа.

„Браво Волково, достоинствен пречек на нашата гордост Македонска. Никола, успешна кариера ти посакуваме од срце, Величествено, вака се пречекува златното грло на Македонија. Многу емоционално, ова останува за секогаш во сеќавање. Браво Никола“, беа само некои од коментарите под објавите на новата голема македонска Гранд ѕвезда на неговиот профил на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frose Levkovska (@froselevkovska)

Бонус видео

Прогласување на победникот

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button