Наши ѕвезди

Нашиот пејач за себе на село си направи вистински рај – пиперките не ги продава, ама и за тоа го бива

Спасен Сиљаноски обично сака слободните викенди да ги минува надвор од главниот град

Advertisement

Ги воодушеви сите со само една фотографија…

Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски на социјалните мрежи често споделува моменти од приватниот живот.

Advertisement

Тој денес со својата сопруга и нивните деца живеат во Скопје, но секогаш кога има слободно време оди и во своето родно село каде што има имот и голема семејна куќа во која живеат неговите родители.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Неговиот рај е преполна со зеленило, а имотот е опкружен со прекрасна природа во која пејачот го пронаоѓа својот мир.

Advertisement

Но заради своите бројни настапи и обврските што ги има, Спасен и неговото семејство веќе со години живеат во главниот град, а никогаш не криел дека во животот најубави му се моментите што ќе ги помине во местото каде што пораснал.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Неговата семејна куќа се наоѓа во село Пополжани, место во близина на Кичево, и на ова преубаво место се собира целото семејство, посебно кога се големите празници.

Спасен тука многу често знае да ги угости и своите пријатели, но и да ги засука ракавите и да помогне во работата.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

И бидејќи станува збор за голем имот, работа има во секое време, а пејачот и од овие обврски не бега, што го покажа и сега.

Имено, Спасен покажа како работи во дворот, а еден детаљ на сликата им го привлече вниманието на неговите градски другари.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Тоа секако се везените пиперки, па Спасен мораше да ги спомне и во својата објава, за да не дојде до некаква забуна.

„Да не кажете дека само за микрофонче ме бива 🙄 п.с. Пиперот не го продавам“, напиша пејачот во шега под фотографијата што ја сподели.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Кога од сé му е преку глава, тука се релаксира

Потсетуваме, Спасен никогаш не криел дека ги обожава овие убавини, така што не дозволил преселбата во главниот град и славата да му го променат животот од корен.

Тој и денес води потполно поинаков стил на живот – го обожава мирот на природата, така ги полни батериите.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Тој сака да се опушта и во прошетките со својот шарпланинец, но и помине време со најблиските далеку од градската бучава.

И оние што го познаваат за него велат дека никогаш не заборавил од каде потекнува, но и дека и денес знае да ги засука ракавите кога треба, па дури и да ја покоси тревата и да поработи на нивните, впрочем како и секој обичен човек кој има куќа и голем имот на село.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Но Спасен знае и да ужива, па така и самиот покажа како после напорен ден и тешка работа на нивата, се пушта во реката Треска.

А што вели и самиот пејач за сето ова, потсетете се тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button