CelebrityНаши ѕвезди

Нашиот музичар распали на Фејсбук: Знаев дека мојата популарност надвор е трн во очи дома!

Advertisement

Платата ми ја намалија на 10.000 – изјави еден од најпознатите македонски гитаристи, светски реномираниот музичар Дамјан Пејчиновски.

Тој  е гордост за нашата татковина. Бил дел од многу македонски проекти, соработува со етаблирани звучни имиња како во странство, така и со звучни имиња од домашната сцена. Ќе се потсетиме дека беше специјален гостин на големиот концерт на композиторот Никола Мицевски.

Advertisement

Пејчиновски кариерата  ја развива и надвор од границите, каде што неговата популарност е огромна.

Advertisement

Охриѓанецот неодамна објави статус на фејсбук профилот каде што ја покажа својата разочараност од тоа што му се случило од страна на училиштето во коешто работи долги годни како професор по музичко образование.

На Пејчиновски ми ја намалиле платата на мизерни 10.000 денари.

Колку и да се радувам за секој мој ангажман надвор од Мк, толку и знам дека е трн во очи на многумина. Нема да помине неказнето, како што моето матично средно музичко училиште во кое што предавам гитара од 2009та на неопределено време реши да направи – да ми ја намали платата на 10 илјади денари месечно од септември 2024 – напиша тој.

Причината за ова било намалениот фонд на часови, што не е по негова вина.

 

Иако постојат многу вработени кои што земаат плата воопшто недоаѓајќи на работа, сепак, поради намалениот мој фонд на часови и недоволниот број на ученици по гитара ( кој според училиштето е моја вина ), претпоставените одличија дека јас треба да сум жртвеното јагне кое треба да најде начин да го преживее месецот со плата дупло помала од државниот минималец.

Пејчиновски вели дека ова не го обесхрабрува, туку напротив повеќе го мотивира да работи и да твори.

Сепак ова ме инспирира, да работам, да свирам повеќе и интелектуално да напредувам.
Не сакам да се жалам, туку сакам да го споделам овој пост за сите оние ентузијасти кои избираат да се артисти и уметници наместо музички работници. Бидете спремни дека вашиот избор нема да ви донесе финансиска стабилност, ниту пак социјален статус, а не очекувајте ни дека ке ви подадат рака за тоа што го правите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button