Нашиот музичар очекува ТРОЈКА! Сподели фотографија од прекрасната трудна сопруга
Нашиот најдобар саксафонист Горан Папаз , дел од музичкиот состав „Суперхикс“ е музичар којшто често споделува фотографии на социјалните мрежи за својот приветен живот.
Папаз неколку години е во брак со својата избраничка, адвокатката Наташа Атанасовска, а од првиот брак го има и синот Дамјан.
Охриѓанецот летово со пријателите на интернет ја соопшти преубавата вест дека ќе стане татко по втор пат и тоа не на едно, не на две бебиња туку на тројка!
Можностите да забремените со тројка по природен пат е еден спрема 10.000, но нему и на Наташа им успеало – напиша тогаш радосниот Горан.
Сега тој повторно објави фотографија од неговата сакана сопруга Наташа како изгледа во осмиот месец од бременоста. Стомачето во преден план, подготовките околу бебињата се забележуваат минијатурни комплетчиња коишто ги држи идната мама во рацете.
Тој ја пофали својата сопруга дека е многу витална и дека и покрај тоа што и велат сите да мирува таа оди на работа, вежба, чисти дома…
„Ау сега со три бебиња, само мирување, мораш … “ – Принцезава моја во 8-ми месец. Секој ден: работа, вежбање, активности, дома средено, насмеана, позитивна и така … ја сакам. П.С. И се погоди сопругот.
Потсетуваме дека Горан е од Охрид и уште многу млад ја започнал својата кариера. Освен во Македонија настапува и надвор од нашата земја на разни манифестации и семејни прослави.
Тој соработувал со многу музилки имиња од естардата.
Кога тој ќе засвири никој не останува рамнодушен, а каде и да настапува забавата е загарантирана.