Нашиот Министер заработил бакшиш од 12.500 $?! Неверојатна сума, и тоа за само еден ден (видео)
„Министерот“ откри дека тогаш го пренаградиле, но и колку се дарежливи нашите иселеници

„Ме пренаградија луѓето, големи пари беа тоа“
Борче Наумовски, познат и како Министер за естрада, гостувајќи во емисијата „Кафе муабети“ на јутуб каналот на Гламур си ја отвори душата и отворено зборуваше за многу детали од својот живот.
И како некој кој цел живот се занимава со музика и никогаш не работел ништо друго, една од темите беше и како се живее од музика, но и кој е неговиот најголем бакшиш што го заработил во животот.

Фејсбук/ Борче Наумовски
Борче ни раскажа за своето искуство што го имал додека живеел во Австралија, каде како што самиот вели, го добил најголемиот бакшиш.
„Од музика се живее. Јас искрено не знам другово животот да работам, и не сум работел ништо друго за да заработам, освен музика. Така да, во Австралија, барем тие седум и пол години, многу брзо ми поминаа… Не знам колку свадби отпеав, фамилијарни веселби, значи премногу-премногу свадби, крштевки, концерти..“

Фејсбук/ Борче Наумовски
„И нон-стоп по авиони спиев, затоа што немав време“, се потсети Борче на овој негов период од животот.
„Сега за сега, мислам дека нема поубава земја за музичарите, од Австралија. Број еден. Потоа можам да речам Америка, Канада и Европа… И ние од тој бакшиш најмногу профитираме секогаш, и секогаш е и многу-многу поголем, како што ни е и хонорарот, насекаде низ светот, така и бакшишот е секогаш поголем“, вели познатиот фолк-пејач, а на прашањето на водителката дали би сакал да каже некоја „цифра“, Борче искрено го додаде и следново:
„Еве ќе кажам, нескромно е, ама ете. Во еден ден сум заработил 12.500 долари. Сам. На веридба, во Перт. Тоа беше некаде 2005 -2006 година. И тоа стварно беа, и сега се големи, а и тогаш беа многу, уште поголеми.. Сам, како ‘one-man’ бенд, со клавијатури, луѓето ме пренаградија. А сум заработувал така слични цифри и на други свадби, низ Европа, не само во Австралија“, вели Борче во емисијата „Кафе муабети“.
Пејачот во емисијата откри и зошто го викаат Министер, па целото интервју со него погледнете го во продолжение:




