Нашиот „Министер за естрада“ ги покажа сопругата и ќеркичката – овие убавици се неговата гордост
Некои велат дека оваа млада дама е негова копија, а други пак дека повеќе личи на мама

Блескаат емоции од овие фотографии
Нашиот познат фолк-пејач Борче Наумовски познат и како „Министерот за естрада“, ги изненади сите со своите фотки.
Имено, фолк-министерот замина на летување кај нашиот јужен сосед па сега сподели неколку фотографии од летувањето.
Фејсбук/ Борче Наумовски
На фотографиите е и неговата сопруга Наташа, но и најмалата наследничка со која тие заминаа на ова нивно патување.
Овие сцени воодушевија бројни негови следбеници, а следува и позитивни реакции во коментарите.
Фејсбук/ Борче Наумовски
Внимание привлече и неговата убава сопруга, која и по три бремености изгледа беспрекорно и е во топ форма.
Потсетуваме, Борче и неговата сопруга Наташа оваа година слават 25 години брак од кој имаат три ќерки.
Фејсбук/ Борче Наумовски
Тој во една пригода објави фотографија и од неговата младост, од почетоците на неговата љубов со сопругата.
Фејсбук/ Борче Наумовски
Како нашиот „министер за естрада“ изгледаше тогаш, пред повеќе од две и пол децении, потсетете се тука.
Фејсбук/ Борче Наумовски
Инаку, Борче по потекло е од Битола, но роден е во Австралија каде едно време и живееше, но одлучи да се врти во Македонија.
Фејсбук/ Борче Наумовски
Тој веќе три децении е присутен на нашата сцена, а од самиот почеток важи и за еден од омилените пејачи во нашата дијаспора.
Впрочем тоа можевме да го видиме и неодамна, додека со своите колеги беше на неколку неделна турнеја во Австралија.
Повеќе за ова прочитајте тука.