Нашиот „Министер“ славеше СРЕБРЕНА СВАДБА – на сопругата и приреди вистинско изненадување
Еве како нашиот познат фолк-пејач ја изненади сопругата за годишнина од бракот

Пејачот ја однесе својата сакана на патување во Италија
Борче Наумовски- Министерот и неговата сопруга прославија 25 години брак на романтично патување во Венеција.
Пејачот го организираше ова посебно патување со кое ја изненади својата сопруга Наташа за да и се заблагодари за љубовта и поддршката што ја добива од неа во изминативе години.
Фејсбук/ Борче Наумовски
Тие овој пат заминаа сами, без нивните три убавици, а Министерот за естрада сподели фотографии од патувањето.
Тој сподели и емотивна порака за сопругата, а од фотографиите што ги објави на социјалните мрежи може да видиме колку и двајцата се среќни и воодушевени од ова романтично патување.
Фејсбук/ Борче Наумовски
Потсетуваме, Борче и Наташа запловија во брачните води во 2020 година, а круна на нивната љубов се нивните три ќерки.
Фејсбук/ Борче Наумовски
Тие живеат во Битола, а Борче е роден во Австралија каде едно време и живееше, но реши да се врати во Македонија.
Фејсбук/ Борче Наумовски
Заради неговиот специфичен стил, меѓу колегите е познат и како Министер за естрада, а во нашата најнова емисија „Кафе муабети“, која премиерно ќе се емитува утревечер на нашиот јутуб канал, пејачот открива и кој е кумот на овој интересен прекар.
Фејсбук/ Борче Наумовски
Три децении кариера
Министерот за следната година за љубителите на македонска народна музика најави и голем солистички концерт.
Концертот ќе биде по повод три децении кариера и ќе биде дел од Битолското културно лето за следната година.
Повеќе за ова прочитајте тука…
Бонус видео
Нашата Стојне открива какви момчиња ја привлекуваат