Нашиот „Министер“ денес слави роденден, а оваа дама е најважната жена во неговиот живот (фото)
Борче Наумовски денес славеше роденден – дали знаете колку години има познатиот пејач?

Нашиот познат фолк-пејач Борче Наумовски, познат и како „Министер за естрада“, денес слави роденден.
На неговите профили на социјалните мрежи цел ден се нижат честитки, а исплива и една интересна фотографија.
Неговиот колега музичар и познат македонски хармоникаш, Кирил Стојчески, сподели фотографија на која се задно со нивните сопруги, а откри и една интересна информација за нив.
Приватна архива
Имено, Борче и Кирил се другари од детството, а сосем случајно се ожениле со девојки кои се родени на ист ден.
Тие заедно го прославија 51. роденден на Борче, а како изгледаат нивните животни сопатнички, погледнете во продолжение:
Приватна архива
На социјалните мрежи Борче цел ден добива честитки од фановите, а секако дека најубавите ги доби од сопругата и трите ќерки.
Потсетуваме, Борче зад себе има скоро три децениска кариера, како во нашата земја, така и во Австралија, каде порано живееше.
Приватна архива
Тој е роден во Австралија, а во Битола, каде што и денес живее со семејството, прв пат стапнува на тригодишна возраст.
Приватна архива
Но за него Битола отсекогаш била и останале прва во срцето, иако тој живееше во Австралија и од 2001 до 2007 година.
Приватна архива
И како што самиот има истакнато, додека живеел таму заработувал убаво и можел да остане, но љубовта кон татковината и убавините на нашата Македонија биле пресудни да се врати.
Приватна архива
„Битола ми е во душата, сите мои другари се тука, тука ја добив културата уште од многу мал, тука си ја започнав кариерата“, изјави во една пригода Борче во „Магазин“ на телевизија Сител.