Наши ѕвезди

Нашиот фолк-пејач со овие тажни стихови расплака многумина – неговиот татко ќе се гордееше со него

Тажни и емотивни стихови на нашиот фолк-пејач што никого нема да остават рамнодушен

Advertisement

Пејачот ги изненади сите со својата нова балада

Македонскиот фолк-пејач Дамјан Стојаноски со својата нова песна „Сестро да си простиме“, ги воодушеви сите, но и многумина расплака..

Advertisement

Станува збор за тажна семејна песна, во која братот пее за својата сестра со која не зборува, па сака да се прости со неа.

Принтскрин/ Јутуб

Кога ја сретнал нејзината рожба, тие не го препознале, па тој со солзи бара од сестра му да заборават на несогласувањата и да се простат.

Advertisement

„Скоро ги видов сестро, моите мили внучиња, во нив тебе јас те познав како малечка, Од почит солза капнав, до срце ме изгоре, твојта рожба не ме позна, не ми прозборе“, пее Дамјан во стиховите кои предизвикаа лавина од коментари на социјалните мрежи.

Принтскрин/ Јутуб

„Браво Дамјан, прекрасна песна. Плаче ми душата, солзи ми течат“, „Браво Дамјан, ти си славеј“, „Одамна нешто толку убаво немам слушнато“, „Нема подобро фолк-пејачи и патриоти од вас Кичевчани, продолжете само така како што негуваше големиот ВОЈО!!“, се само некои од бројните коментари што можат да се прочитаат под најновата песна на Дамјан на неговиот канал на платформата Јутуб.

Инаку, овие моќни стихови кои Дамјан самиот ги напиша, во кои се зборува за односите помеѓу братот и сестрата, се преточени во преубава балада за која и музиката е дело на младиот пејач.

Принтскрин/ Јутуб

Аранжманот и продукцијата се на братучедот на Дамјан, Златко Миладиноски, додека придружните вокали во песната ги пее Ангела Влинтовска, млада дама која свири и на виолина во песната, а која моментално се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“ (повеќе за оваа млада дама прочитајте тука).

Спот е снимен во вила Де Ниро во Цапари, Битола, а во песната учествуваат и музичарите , Андреј Трајковски кој свири на кавал, потоа гитарата е на Томи Ли Димовски, тапаните на Јоаким Димулков и Наум Весковски, а на тамбурата повторно братучедот на Дамјан, Златко Миладиноски.

Со татко ми бевме како другари

Потсетуваме, Дамјан беше гостин во најновата емисија „Кафе муабети“ во која меѓу другото ја најави и својата турнеја.

Имено, Дамјан својата најнова авторска песна ја објави непосредно пред да започне неговата турнеја во Австралија. Што друго ни откри овој наш брилијантен пејач, наследник на генијалниот Војо Стојаноски, еден од доајените на нашата фолк-музика, откријте од видеото на почетокот од текстот. И секако, станете дел од нашиот канал на Јутуб.

Новата песна на Дамјан може да ја погледнете во видеото на почетокот, и секако не заборавете да оставите коментар.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button