Нашата водителка зад себе има два неуспешни бракови – погледнете со кого ја „фативме“ на аеродромот
Емотивно „селфи“ што ги изненади нејзините бројни фанови

Повторно замина на патување…
Познатата водителка Лила Филиповска реши да го искористи празничниот викенд, па ги спакува куферите и замина на патување.
Но овој пат со неа е и нејзиниот син Филип, а фотографијата што Лила ја објави и на која позира со него ги воодушеви сите.
Насмеана од уше до уше, водителката позираше покрај својот наследник на аеродромот, покажувајќи колку се блиски.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Инаку, Лила и покрај тоа што важи за една од нашите најпознати дами, во јавноста многу малку се знае за нејзиниот љубовен живот.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа зад себе има два брака, а од едниот од нив го доби синот со кого денес се како другари и кој е нејзиното најголемо богатство.
Водителката синот го доби од првиот сопруг, а по разводот имаше уште една неуспешна брачна авантура.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа некое време по неуспешниот прв брак повторно застана на „лудиот камен“, и тоа со музичарот Орце Димитровски.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Но и овој брак на Лила не и траеше долго, така што по осум месеци тие решија да се разделат и секој од нив тргна на своја страна.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката оттогаш нерадо зборува за медиумите за својот приватен живот, а во една пригода на социјалните мрежи напиша:
„Ако видите кај мене некој прекрасен статус што го слави бракот и слично, да знаете дека ми го хакирале профилот“, објави тогаш Лила која и денес, во петтата деценија од животот, воодушевува со својот изглед и младешки дух.