Нашата водителка не ја пратат скандали – Сега покажа како изгледала во минатото – Дали Дебарлиева се променила?

Една од најнежните, кротки, тивки и пристојни водителки, жена со вистинско реноме, таа е Билјана Дебарлиева.

Оваа водителка ја има една од најубавите дикции, секогаш подготвена и елоквентна на емисија.
Таа веќе извесно време се псовети на здравството како автор и водител на емисија посветена на здравјето на ТВ 24. Претходно Билјана ја гледавме долги години на Канал 5 како спикерка на вести.

Бидејќи не постои човек кој би кажал лош збор за Билјана, ниту пак ја пратат некакви скандали, скромната Дебарлиева е еден пример за дама и во изгледот и во однесувањето и професионалноста.

Секогаш елегантна, спастрена пристојно, уредна и чиста.
Но дали Билјана отсекогаш била ваква?

Таа денеска објави фотографија од себеси пред 17 години и ја спореди со друга од 2023 година.
Што велите колку се променила водителката за 17 години?





