Наши ѕвезди

Нашата водителка изгледа како божица и денес – сите се изненадени кога ќе прочитаат колку години има

Препознатлива по својата убава насмевка, Гордана и денес е една од омилените јавни личности во Македонија

Advertisement

Откако се појави на малите екрани, важи за една од омилените, но и најубавите дами меѓу нашите познати личности

Познатата македонска презентерка на вести Гордана Ѓорчева со причина и денес важи за една од омилените јавни личности.

Advertisement

Таа веќе со децении е препознатливо лице од нашите мали екрани, а се вбројува и меѓу најубавите жени од нашата јавна сцена.

Фејсбук/ Гордана Ѓорчева

Без естетски интервенции, со доза шарм и нејзината препознатлива насмевка и руса коса таа и денес никого не остава рамнодушен.

Advertisement

Таа може да се носи рамо до рамо и со најпознатите светски презентерки на вести, а важи и за една од оние жени кои стареат како виното.

Фејсбук/ Гордана Ѓорчева

Имено, многумина се изненадени кога ќе слушнат колку години има оваа наша прекрасна дама, што е само уште доказ дека за некои жени годините се само бројка и со тек на време изгледаат дури и поубаво.

Фејсбук/ Гордана Ѓорчева

Да, Гордана дефинитивно е една од нив.

Таа во февруари оваа година наполни 55 години, а нејзина најголема среќа во животот се нејзината ќерка и внуките што ги има од неа.

Фејсбук/ Гордана Ѓорчева

Таа приватно е многу посветена баба и ужива во секој момент поминат со своите внучиња Вања и Вера што ги доби од ќерката Луција.

Фејсбук/ Гордана Ѓорчева

Гордана својата наследничка ја доби кога имаше 21 година, а беше во брак со еден од нашите најдобри актери, Бранко Ѓорчев.

Бранко почина во 2013 година, а како што самата Гордана откри во една пригода, неговите зборови „Јас се вљубив во твојата насмевка и никогаш немој да ја симнеш од твоето лице“, таа и денес ги смета за аманет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button