Нашата водителка и во шестата деценија остава без здив – папучите што ги носи поскапи од просечна плата
Позираше на плажа и ги покажа облините

Е века се живее!
Познатата водителка најпрво го покажа луксузниот хотел во кој е сместена, а потоа позираше во кус фустан на плажа.
Нашата позната водителка Лила Филиповска пред неколку дена ги спакува куферите и ја напушти Македонија.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа тогаш се сними и на аеродромот и покажа во какво издание патување, но и кој седи до неа во авионот (повеќе за ова тука).
Имено, Лила отпатува во Турција, каде е сместена во еден преубав хотел во Бодрум од каде веднаш се огласи.
Инстаграм/ Лила Филиповска
И на плажа – шик!
Таа сподели и неколку фотографии во костим за капење, покажувајќи како влегува во морето со своето раскошно тело.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Косата и беше врзана и носеше очила за сонце, а привлече внимание и со уште еден детаљ што го носеше на себе.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Станува збор за „морскиот“ накит, односно обетката, нараквицата и ременот со ѕвезди околу едноделниот костим за капење.
Водителката потоа позираше и свртена со грбот, а со лицето кон морската шир, а привлече внимание и со своето вечерни издание.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Насмевка од милион долари
Но овој пат покрај фустанчето со интересен дезен, Лила ги воодушеви дамите и со папучите со логото на Кристијан Диор.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Станува збор за модел кој се уште е хит во светот на модата, но имаат и една мана, а тоа е нивната „солена“ цена.
Но Лила очигледно не жали пари кога е стилот во прашање, а како оваа дама ги носи, погледнете во продолжение…