Реклама
Стил

Нашата водителка блеска како милионите на банкарот – педесеттите за неа се нови луди триесетти (фото)

Водителката во ова преубаво издание покажа дека и во шестата деценија изгледа фантастично

Реклама

Познатата водителка Лила Филиповска откри како изгледаше на снимањето на новите емисии од своето познато шоу.

Таа веднаш откако се врати од Виетнам ги „засука ракавите“ и сериозно се фати за работа, а преку својот профил на Инстаграм покажа и како ќе биде облечена во новите емисии.

Имено, водителката откри дека во една од следните емисии ќе изгледа гламурозно, а за да го постигне овој ефект користеше еден, веќе многу пати проверен, рецепт – светкав фустан и шик сандали, зачинети со нејзината насмевка од милион долари.

Маркетинг

Инстаграм/ Лила Филиповска

И мора да признаеме дека Лила во ова издание изгледа мошне привлечно, а во очи ни падна и трендот со – голи раменици.

Маркетинг

Имено, фустанот беше долг и затворен во долниот дел, но со тенки прерамки во горниот. Ова беше и повеќе од доволно да се постигне заводлив ефект со кој водителката во комбинација со металик деталите во диско фазон и фризурата која потсетуваше на златната ера на Холивуд, дефинитивно никого не остави рамнодушен.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Потсетуваме, Лила пред помалку од месец дена го прослави својот 53-ти роденден, но многумина и порачуваат дека изглед како во своите луди триесетти години. Посебно кога водителката ќе заблеска во едно вакво издание, а дека тоа навистина е така може да се заклучи и од нејзината следна фатална комбинација.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, Лила покрај фустанот во кој блескаше како Ница, Монако и Монте Карло заедно, сподели и едно „all-black“ издание, но овој пат во фокусот беа нејзините нозе. Повторно станува збор за стајлинг што водителката го носеше на снимање, а многумина се сигурни дека на ова и банкарот нема да остане рамнодушен.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Инстаграм/ Лила Филиповска

Па, кое овие две изданија на Лила ви се допаѓа повеќе?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button