Нашата Стојне нема ни грамче вишок на телото, ги распаметува колегите – посебно во вакво издание
Изгледа како морска сирена

Пејачката го покажа своето змиско тело…
Познатата фолк-пејачка Стојне Николова по одморот во Црна Гора замина во Англија каде имаше закажано настап.
Таа во Црна Гора го прослави својот роденден, а се сретна и со колегите Татјана Лазаревска и Новица Василевски, па снимки од нивната луда забава ги преплавија социјалните мрежи и сите ги воодушевија.
Инстаграм/ Стојне Николова
Неколку дена подоцна, Стојне замина за Англија, но на најубавите мигови од одморот во Црна Гора се уште се сеќава.
Па така и една од последните фотографии што ја сподели на својот Инстаграм е спомен на овие убави летни лудории.
Инстаграм/ Стојне Николова
Но она што сите ги изненади беше нејзиниот минијатурен тигрест костим за капење во кој Стојне изгледа феноменално.
Нејзиното беспрекорно тело беше во преден план, а како омилената пејачка изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Стојне Николова
Потсетуваме, Стојне едно време ја поврзуваа со познатиот музичар и нејзин колега Бобан Мојсовски-Мојсо.
Инстаграм/ Стојне Николова
Но овие гласини во една пригода и самата Стојне ги демантираше, кога за медиумите изјави дека тој и е само менаџер.
Инстаграм/ Стојне Николова
Пејачката тогаш за медиумите исто така истакна дека е блиска и со неговата сопруга и дека тие и се како семејство.
Инстаграм/ Стојне Николова
„Бобан и неговата сопруга се мојата втора фамилија“, изјави тогаш познатата фолк-пејачка за естрадниот магазин „Бекстејџ“.