Нашата позната водителка се соблече на 59 години – позираше на плажа, интернетот експлодира
Позираше на плажа, а фотографијата ја објави на Фејсбук

Водителката ги изненади сите
Оваа наша позната дама и на прагот од седмата деценија изгледа неверојатно и минимум 20-на години помладо.
Познатата водителка која малите екрани ги замени со претприемништво, Марина Дојчиновска, важи за една од оние наши дами за кои велиме дека одлично се држат за свои години.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Впрочем тоа можевме да го видиме и од нејзиното последно издание со кое покажа дека и на 59 години изгледа беспрекорно.
Имено, Марина сподели фотографија на која позираше во костим за капење и со која покажа дека води сметка за својот изглед.
Принтскрин/ Јутуб, ТВ Сонце
Водителката едноставно сите ги изненади со ова свое издание, па доби бројни комплименти од оние што ја следат на Фејсбук.
Позираше на плажа, во едноделен костим за капење, истакнувајќи го своето тело кое изгледа неверојатно за жена на нејзини години.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Воодушевување предизвика и костимот за капење со преубавиот цветен дезен заради кој си доби комплименти и од многу претставнички на понежниот пол, што секако ја импонираше.
„Браво, како сирена си Марина, секоја чест“, „Преубава си“, „Згодница“, „Дама“, „Совршена“ беа само некои од коментарите што Марина ги доби под фотографијата на социјалните мрежи.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Потсетуваме, Марина и нејзиниот партнер, маестро Горан Алачки, оваа година слават 10 години љубов, а во една пригода убавата водителка во интервју за Гламур откри дека тоа ќе биде прослава на љубовта, убавината, вниманието, искреноста, поддршката и посветеноста што си ја даваат еден на друг во сите изминати години поминати заедно.
„Жените кои се обожавани од нивните сакани, веднаш ќе ги препознаете-тие зрачат со посебна убавина, што не се купува со пари. Тоа е таа среќа и благослов, а ние двајцата се трудиме да го сочуваме и да го заштитиме тоа што го имаме“, изјави тогаш Марина, па ни откри и неколку зборови во кои, според неа, се крие тајната на љубовта и кои се толку моќни што можат од секого да направат среќен човек.
Повеќе за ова дознајте тука >>