Стил

Нашата позната водителка прво позираше дома, па во телевизијата – кое издание ви се допаѓа повеќе?

Неколку идеални пролетни комбинации на Александра

Advertisement

Нашата позната водителка Александра Илиевска секојдневно не воодушевува и со своите интересни модни изданија.

Покрaј тоа што ја гледаме на нашите мали екрани, таа често знае да ги сподели своите модни комбинации н на социјалните мрежи.

Advertisement

Фејсбук/ Александра Илиевска

Овој пат таа не воодушеви со една интересна пролетна комбинација, покажувајќи дека стилот на море да биде комплициран за да изгледа ефектно. Имено, таа носеше маичка од македонскиот бренд Астибо, во комбинација со неверојатно шик тексас здолниште.

И со оваа нејзина комбинација што ја сподели на Фејсбук совршено го вклопува лежерниот и елегантниот стил, покажувајќи дека е дама која знае да ги избере вистинските парчиња и да ги носи со став.

Advertisement

Фејсбук/ Александра Илиевска

Овој пат главна ѕвезда во ова нејзино издание е здолништето од џинс кое е мошне практично, но и удобно и тренди.

Водителката овој пат ова парче го носеше во комбинација со преубавата туника во нежна пастелна нијанса, зачинета со интересен дезен и кратки ракави кои додаваат доза на ноншалантен шарм.

Фејсбук/ Александра Илиевска

Фејсбук/ Александра Илиевска

Таа целото издание го зачини со впечатливи високи потпетици кои носат и доза на гламур и го освежија целиот изглед.

Фејсбук/ Александра Илиевска

Инаку, Александра и неколку дена претходно блесна во слично тексас здолниште, само во малку посветла нијанса.

И овој модел беше со средна должина и длабок шлиц во предниот дел, а целото издание поранешната водителка на „Брза кујна“ тогаш го зачини со тегет сако, црна блуска и истите шик сандали со пердуви.

Фејсбук/ Александра Илиевска

Во продолжение погледнете уште една комбинација, само овој пат малку поопуштена и направена во нејзиниот дом.

Фејсбук/ Александра Илиевска

Топ издание за низ град

Имено, Александра неодамна се снимаше на омиленото место за фотографирање во нејзиниот дом, но и тога ги воодушеви сите со стајлингот, само што овој пат во фокусот беа фармерките што ги носеше.

Таа позираше во широк модел, со интересен детаљ на ногавиците, а ги носеше со сини адидас патики и маичка во слична нијанса.

Фејсбук/ Александра Илиевска

Водителката и овој пат целото издание го зачини со својата препознатлива и убава насмевка, потврдувајќи по кој знае кој пат дека знае што прави кога се модата и стилот во прашање. Таа истовремено и инспирираше многу дами со уште една топ аутфит кој може да послужи како инспирација за секојдневни обврски низ градот, одење на кафе со пријателките, па дури и за неформален состанок.

Фејсбук/ Александра Илиевска

Па, кое од овие три изданија на убавата водителка ви остави најдобар впечаток – првото, второто или третото?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button