Нашата позната водителка како Шерон Стоун во „Ниски Страсти“?! Ги прекрсти нозете, го украде шоуто
Нозете никогаш подолги, ги воодушеви сите
Водителката Вера Мештеровиќ е позната и по своето вито тело, па нејзините објави на Инстаграм секогаш привлекуваат внимание.
Таа долги години беше една од нашите најпознати манекенки, а заради нејзиниот стас и денес снима реклами за познати брендови.
Но таа често знае да се најде во центарот на вниманието и на социјалните мрежи, посебно кога ќе се појави во едно вакво издание.
Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Имено, Вера овие денови позираше во студиото каде што се снима утринската програма на Канал 5 телевизија, откривајќи како беше стокмена за гледачите, но и зошто се уште важи за една од најзгодните жени во Македонија.
Таа за оваа пригода носеше кусо црно фустанче со широки ракави и проѕирни детали, а начинот на кој позираше седната на столчето, со нејзините долги нозе во фокусот, водителката никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Вера целото издание го заокружи со елегантни сандали со тенки ремчиња и високи потпетици, додека нејзината долга коса беше „зачинета“ со нежни локнички кои избришаа минимум десетина години од нејзиното лице.
Како оваа наша прекрасна дама изгледаше во ова свое Шерон Стоун издание, погледнете од фотографијата во продолжение.
Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
„Твојата убавина нема цена“, „Прекрасна“, „Принцеза“, „Жена што блеска“, беа само некои од коментарите што Вера ги доби за ова свое издание.
Потсетуваме, Вера покрај тоа што ја гледаме на малите екрани, таа се појави и во новиот спот на момците од ДНК каде исто така ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
И ова секако не е првиот спот во кој оваа наша прекрасна дама се има појавено.
Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Имено, Вера која во 1996 беше прогласена за првиот Мис на Македонија, се има појавено и во спот на групата Галија, за песната „Нешто ме гони“, како и во спотот на Владо Јаневски за песната „Откако си негова“.
Како Вера изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение…