Нашата позната водителка и во шестата деценија изгледа неверојатно – има лице како и пред 20 години
Жена со беспрекорен шарм

Никого не остави рамнодушен…
Татјана Стојановска важи за една од омилените дами од нашите мали екрани која и во петтата деценија плени со својот изглед.
Таа изгледа беспрекорно за свои години, па многу припаднички на понежниот пол се прашуваат во што се крие нејзината тајна.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Имено, водителката постојано добива комплименти за својот изглед, а така беше и со нејзиното последно издание што го сподели.
Таа деновиве го посети студиото на еден од најпознатите наши шминкери кој им е омилен на многу дами, Александар Билјановски-Дадар, па веднаш се пофали со преубава фризура и шминка.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фотографијата што ја сподели веднаш предизвика бројни коментари и комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Потсетуваме, Татјана со децении важи за едно од најпознатите телевизиски презентерки во Македонија.
Таа е една од оние дами за кои велиме дека се како вино, за кои годините се само бројка, а според многумина таа и денес изгледа речиси исто како и првиот ден од својата кариера.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Од овие причини многу жени се прашуваат во што се крие тајната на нејзиниот беспрекорен изглед, а Татјана самат во една пригода за Гламур магазин откри дека со години е бренд амбасадор на центар за подмладување и дека ги користи нивните процедури.
Повеќе за ова прочитајте тука.