Нашата позната водителка го покажа згодното тело – вистинска морска сирена, опива со својот шарм
Таа е една задоволна, остварена и исполнета жена, сопруга и мајка, а токму за ваквите жени велат дека секогаш зрачат со посебен шарм и енергија...
Водителката веќе со години важи за една од омилените дами од нашите мали екрани, а нејзиниот природен шарм остава без здив
Нашата позната водителка Елена Стојановска – Јанковска со фотографиите од одморот ги изненади своите фанови.
Имено, Елена реши да си ги напони батериите, па ги спакува куферите и замина на одмор во Мексико од каде сподели неколку фотографии.
Инстаграм/ Елена Стојановска – Јанковска
И додека едни беа воодушевени од тоа што својата омилена водителка ја гледаат во костим за капење, и тоа во бела боја кој совршено го истакна секој детаљ од нејзиното исончано тело, други не можеа да го тргнат погледот од неа и нејзините преубави летни изданија во кои изгледаше како излзена од некое модно списание.
Инстаграм/ Елена Стојановска – Јанковска
На една од овие фотографии Елена позира во кусо бело издание, а ги изненади сите и со смелиот фустан што го носеше.
Инстаграм/ Елена Стојановска – Јанковска
Нејзините објави веднаш привлекоа внимание, а сите се согласни дека на секоја од нив изгледа како морска сирена.
Потсетуваме, Елена во една пригода откри дека својата линија ја одржува така што внимава да биде умерена во сé, а веќе некое време оди и на балет за возрасни, во што потполно се пронајде.
Инстаграм/ Елена Стојановска – Јанковска
„Балетот ми се случи неочекувано. Сум пробала секаков тип на спорт, па дури и бокс и никаде не сум останала повеќе од два три месеци. Кон крајот на минатата година, бев во некоја фаза во животот во која се ми беше здодевно, немав концентрација па дури ни волја за некакви дружби, излегувања и слично. Случајно го видов огласот за балет за возрасни во Студио Балерина и иако се плашев многу да се јавам, не знам како, се охрабрив, изјави Елена за своето искуство со балетот во една пригода за Гламур магазин.
Повеќе за ова прочитајте тука…