Наши ѕвездиСтил

Нашата позната водителка Бела во топ вечерно издание – фустанчето што го носеше беше фантазија (фото)

Познатата дама не сме ја виделе во вакво издание

Advertisement

Нашата позната водителка ги изненади сите со ова издание…

Нашата позната водителка Александра Бела која во последно време ја гледаме во нејзиниот поткаст „Мамавизија“, ги изненади своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи со ова интересно издание.

Advertisement

Имено бела се појави во неверојатно шик издание на Модниот викенд во Скопје и откри зошто важи за една од најубавите дами.

Имено, таа изгледаше феноменално и зрачеше како со својата харизма, така и со модните детали што ги избра за оваа пригода.

Advertisement
Инстаграм/ Александра Бела

Таа за оваа пригода избра црна креација, со интересен детаљ на здолништето со кои дополнително ги истакна убавите нозе.

И додека на рацете носеше црни ракавици од тил, кои му додадоа посебен шмек и ги подигнаа целото издание на уште едно повисоко ниво, оваа наша позната дама од малите екрани и со сите останати детали во оваа приказна импонираше.

Инстаграм/ Александра Бела

Тука пред се мислиме на црните сандали со ремчиња, како и на малата чантичка, но и на преубавата шминка.

Прекрасно и максимално женствено, нели?

Инстаграм/ Александра Бела

Инаку, покрај оваа фотографија Бела сподели уште едно интересно издание, но и порака за FWSK која ви ја пренесуваме во целост.

„Вечерва започна по 30. пат Моден викенд Скопје. Еден од моите омилени градски настани. Со некои од луѓето што сум ги запознала тука, а ги има многу, се гледаме од FWSK на FWSK и во тоа секогаш ми имало некој посебен шмек. Се сретнуваме два пати годишно, секој ден гледаме ревии, дискутираме за мода, анализираме креации, критикувме дизајнери, се навраќаме на старите дизајнерски имиња коишто недостасуваат на модната сцена…одиме на пијачки, се дружиме, се сликаме и се смееме, се до следниот пат. Со некои од нив ми се вкрстиле патиштата и работно. Некои ми станале многу драги пријатели. Модната заедница се менувала, но некои луѓе 30 пати биле таму константно, меѓу нив и јас. Браво за годинашниот слоган Community! Верувам дека не случајно е одбран за оваа сезона ❤️се чувствувам почестено“.

Инстаграм/ Александра Бела

„Многу ми се допадна свеченото отворање на ова јубилејно издание, елегантно, умерено, но не знам зошто очекував да има жива музика ☺️си замислив на сите ревии музиката да ја свират во живо 🎸ај , можеби на затворањето, за да се воздигне јубилејот.🎉. Честитки за истрајноста!“, напиша Бела во својата објава на Инстаграм.

Инстаграм/ Александра Бела

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button