Нашата позната русокоса како жена на султанот – „гори“ интернетот, пејачката никогаш поубава (фото)
Полн погодок, од глава до пети...
Оваа наша позната пејачка деновиве беше главна тема
Нашата позната фолк-пејачка Сања Цинцева, позната како Сања Барби, често привлекува внимание и на социјалните мрежи.
Таа откако се појави на сцената за кратко време направи „бум“, а нејзините провокативни спотови никого не оставаат рамнодушен.
Таа постојано настапува, а поприлично е активна и на социјалните мрежи каде речиси секојдневно објавува детали од нејзиното секојдневие.
Инстаграм/ Сања Цинцева
И под секое нејзино издание Сања добива бројни комплименти, а така беше и сега кога за оваа пригода позираше во црно од глава до пети.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Имено, пејачката на Инстаграм сподели неколку фотографии и снимка на кои носи долг црн фустан суптилно зачинет со светки, а совршен контраст направи со впечатливата шминка и преубавата руса коса која е нејзиниот заштитен знак.
И додека во горниот дел во фокусот беше црниот вел во кој Сања изгледаше како оние дами од харемот во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“, во центарот на вниманието беше и длабокиот шлиц со кој пејачката ги истакна нозете.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Фустанот беше со должина до подот, но големиот отвор на здолништето никого не остави рамнодушен и го подигна целото издание на едно поинакво ниво, така што Сања и овој пат ги воодушеви сите со своето тело кое често го покажува и редовно ги чести со провокативни пози следбениците на социјалните мрежи.
Како шармантната Сања Барби изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…