Нашата позната пејачка за да преживее работела во вулканизер – во оваа куќа сега живее со внукот
„Господ нема ништо против чесна работа“

Познатата пејачка Маја Оџаклиеска има две ќерки Теа и Андреа кои ги има одгледано како самохрана мајка.
Таа денес живее повлечен живот, во населба надвор од Белград, каде се грижи за својот внук со аутизам.
Станува збор за вистинска оаза која што пејачката си ја има направено на ова место, опкружена со цвеќиња и зеленило.

Принтскрин/ Јутуб
Инаку, Маја своевремено важеше за една од најдобрите пејачки во цела Југославија и за вистинска фатална дама.
Како што самата има истакнато, во животот имала 12 таканаречени бракови, а се прославува со хитот „Лиду, лиду“, од 1983 година.

Принтскрин/ Јутуб
По војните во Југославија, едно време за да преживее работеше и во салон за продажба на половни гуми, за плата.

Инстаграм
И како што самата вели, нејзината плата тогаш била 500 марки, а до тогаш добивала по 1000 марки за само една песна.
„Тоа тогаш беше во ред за мене, бидејќи му бев благодарна што можам да го заработам својот денар. Не постои чувство на незадоволство кога чесо ќе ги заработите парите. Се додека работата е чесна, секој денар е голем како куќа. И во Шведска, додека бев со мајка ми, чував деца“.
„Работев и во фабрика за исправање конзерви. Тогаш мајка ми ми зборуваше: ‘Сине, Господ нема ништо против чесна работа’. Сега конечно уживам! Мојата кариера започна 1969 година, а јас со 38 години стаж заминав во пензија. Продолжив и потоа да работам, но пред три години кажав дека е доста“, истакна Маја во една пригода.

Принтскрин/ Јутуб
И денес не мирува…
Таа денес живее мирно и повлечено надвор од градската гужва, а главната причина поради која го промени животот беше внукот Лука, на кого пред десетина години му беше дијагностициран аутизам.
„Мојот животен сон беше да имам куќа со цвеќе, буквално куќа. Не сум фанатик, никогаш не сум сакала да имам огромно куќиште, трикатна вила или замок. Сега во овие години е подобро и полесно да се исчисти мала квадратура. Презадоволна сум“, изјави Маја во една пригода во емисијата „Како нормалниот свет“ која може да ја погледнете тука.
 


