Нашата позната пејачка ужива на плажа – сместена во луксузен хотел, откри и со кого се забавува
Пејачката го покажа своето згодно тело, ама и спектакуларниот поглед од хотелот во кој е сместена

Ново селфи, нови воздишки…
Пејачката Адријана Ацевска со своите пријателки ужива во летните денови и се опушта користејќи ги своите слободни денови.
Таа изминатиот период сподели неколку 0бјави со кои покажа како ги полни батериите на преубавата локација на кој е сместена.
Инстаграм
Пејачката се снимаше и на балконот од луксузниот хотел во кој е сместена, па го покажа и прекрасниот поглед кон морето и плажата, и тоа додека имаше само крпа преку телото и на главата.
Адријана потоа направи селфи и на плажата, откривајќи го своето раскошно деколте и тенка половина во преден план.
Инстаграм
Пејачката им го привлече вниманието и на припадничките на понежниот пол, како со модните додатоци што ги носеше, така и со тоа што го покажа спектакуларниот поглед од хотелот во кој е сместена.
Инстаграм
Со неа на ова патување е и нејзината колешка Тања Јовановска, која исто така е сместена во овој хотел преполн со базени и палми, а како тие двете се забавуваат, но и уживаат на плажа, погледнете и тука.
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Адријана потоа сподели и неколку снимки на кои е во тексас шорц и со шлем на главата, качена на мотор.
View this post on Instagram
Потоа следуваше и фотка од аеродромот, но и кога се врти дома, во својот стан, па го покажа и погледот од балконот.
Инстаграм
„Можеби нема поглед на море, ама дома си е дома“, напиша пејачката и откри каде го пие своето утринско кафенце.