Нашата позната пејачка сподели тажна фотографија од колешката Сара што загина во пожарот во Кочани
Недостига, многу...

Непребол…
Нашата позната пејачка Елена Ристеска сподели фотографија на која е нејзината колешка која загина во несреќата во Кочани.
Голема тага и болка предизвика страшната несреќа што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани која однесе 62 млади животи.
Инстаграм
Во страшниот пожар настрадаа и осум членови на групата ДНК меѓу кои и Сара Пројковска, придружен вокал во групата.
На социјалните мрежи и денес многумина споделуваат емотивни пораки за своите најблиски и за оние што ги познаваа, а чии млади животи згаснаа во страшната несреќа која го шокираше целиот регион.
Инстаграм
Една од нив е и Елена Ристеска која деновиве сподели една стара фотографија на која е со својата колешка Сара.
„Сара, недостигаш“, напиша Елена под фотографијата, а се огласи и Ана Костадиновска, која успеа да се спаси од пожарот.
„Многу“, напиша Ана.
Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, Ана беше една од тројцата членови на групата ДНК кои успеаја да се спасат од страшниот пожар во Кочани.
Таа кобна ноќ почина и нејзината пријателка и колешка Сара, со која заедно настапуваа како придружни вокали на ДНК.
Принтскрин/ Инстаграм
Сара беше самохрана мајка на две деца, а нејзиниот поранешен сопруг, џез трубач и професор по труба, Александар Николовски, почина пред неколку години, односно во 2021 година, на 48-годишна возраст.
И Сара беше професорка, а како придружен вокал има настапувано со речиси сите поп пејачи од Македонија.