Нашата позната пејачка сподели неколку фотографии со поранешниот колега од Молика и сите ги изненади
Анета прво се појави во Барби издание на една свадба, а потоа сподели и една интересна фотографија

Кој е виновен за расположението на Анета?
Македонската фолк-ѕвезда, Анета Љумаковска, на еден од своите последни настапи се појави во розово од глава до пети.
Познатата пејачка неодамна изненади со интересната комбинација во која носеше фармерки, шарено сако и розови патики.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Но овој пат Анета беше облечена во розово од глава до пети, па со својата појава сите ги остави без зборови.
Таа во ова весело издание настапи на една свадба, а во салата сите забележаа дека беше поприлично расположена,
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Ова нејзино издание привлече големо внимание, па многумина се прашуваат кој е виновен за ваквото нејзино расположение.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Пејачката ја снимаа и додека пее, а како изгледаше овој момент погледнете од снимката на крајот од текстот.
Блиска со колешките и колегите
Инаку, Анета сподели и една фотографија на која е со колешките Стојне Николова и Адријана Ацевска, а потоа и колаж од фотографии со нејзиниот колега од групата „Молика“, музичарот Александар Карма, со кого долго време заедно настапуваше.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката имаше посебен повод да го направи тоа – на колегата му беше роденден, па таа на овој начин му го честиташе.
„Побратиме, среќен роденден“ напиша Анета под фотографијата што може да ја видите во продолжение…
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Погледнете го и настапот на Анета: