Нашата позната пејачка прв пат го покажа својот дом – вистинска оаза на мирот, зрачи со топлина
Еве каде се опушта и си ги полни батериите
Празничниот дух пристигна и во нејзиниот дом
Пејачката Адријана Ацевска (41) е поприлично активна на социјалните мрежи, но ретко споделува моменти од својот дом.
Сепак, во пресрет на новогодишните и божиќните празници пејачката реши да покаже како ја уредила својата оаза на мирот, притоа позирајќи и во едно поприлично занесно издание во вечерните часови.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
И како што може да видиме од објавата, големата елка е украсена со црвени лампиони и со бели детали, а тука се и разно-разните украси.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Покрај елката чувство на топлина додаваат и останатите детали во нејзиниот дом во кои преовладуваат кафеавите и беж нијанси.
Потсетуваме, пејачката која е позата и како Адријана Кеш по еден од нејзините најголеми хитови, за својот приватен живот многу ретко зборува, иако често е во медиумите.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Таа по потекло е од Битола, но веќе подолго време живее во Скопје, а малкумина знаат дека кариерата ја започна со забавна музика.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Таа денес важи за една од нашите најбарани, но и најпосакувани пејачки, а сите колеги и колешки за неа имаат само позитивни зборови. Што се однесува до нејзиниот шарм таа во една пригода сосема искрено ни ја откри тајната на својата убавина, а што сé ни кажа тогаш пејачката, прочитајте тука.