Нашата позната пејачка и по три бремености изгледа неверојатно – ова е нејзиниот еликсир (фото)
Секогаш насмеана, полна со позитивна енергија...

Пејачката ги изненади сите со овие фотографии
Нашата позната фолк-пејачка, Елена Велевска, сподели фотографија на која е со својата ќерка и ги изненади фановите.
Она што сите го забележаа е дека нејзината наследничка многу наликува на неа, но и дека Елена во последно време изгледа се поубаво.
Инстаграм/ Елена Велевска
Имено, Велевска и покрај своите три бремености има тело на кое многу дами можат да и завидуваат, така што под секоја нејзина објава добива бројни комплименти на сметка на својот изглед.
И додека едни за неа велат дека е како виното и со годините станува сé поубава и поубава, други не веруваат колку години има Елена.
Инстаграм/ Елена Велевска
Потсетуваме, Елена овој октомври ќе наполни 45 години, а според многумина познатата пејачка никогаш не изгледала подобро.
Инстаграм/ Елена Велевска
Впрочем за тоа зборуваат и овие нејзини фотографии, нели?
Потсетуваме, Велевска во 2020 година се разведе од поранешниот сопруг со кого доби три деца – Калија, Софија и Марко.
Таа и нејзиниот поранешен сопруг се запознале во Австралија во 2002 година за време на нејзината турнеја во оваа земја.
Инстаграм/ Елена Велевска
Откако ќе се запознаат ќе започнат и врска, а потоа и брак, а големо изненадување беше за сите дека се разведуваат бидејќи важеа за складен пар. И како што самата пејачка откри многу пати досега во нејзините интервјуа, таа на почетокот се обидувала да го сочува бракот, но безуспешно, така што на крај разводот останал како единствена, но очигледно и најдобра опција.
Инстаграм/ Елена Велевска
Еликсирот на Елена
Елена, исто така, никогаш не криела и дека токму децата и ја даваат најголемата поддршка во животот, но и дека е најсреќна кога времето го минува со нив. И како што самата вели, енергијата што тие и ја даваат, како и љубовта, тоа е нејзиниот најсилен еликсир.
Инстаграм/ Елена Велевска
„Кога работата ти е задоволство речи си и да не постои напор. Мојата професија ме прави среќна, колку и да сум уморна од патувања една прегратка од децата е доволна за тој умор да исчезне“, откри пејачката во една пригода за Гламур магазин.