Нашата позната пејачка блеска во својот нов ресторан – погледнете како изгледаше на отворањето
Пејачката со сопругот отвори нов локал

Ново урбано место во Куманово
Познатата фолк-пејачка Тања Јовановска-Трајкова, заедно со својот сопруг и нивните партнери отворија фенси ресторан.
Од она што може да се забележи на прв поглед е дека ресторанот е одлично уреден, а на отворањето имаше бројни наши познати личности, меѓу кои и колешките на познатата фолк-пејачка.
Приватна архива
На забавата меѓу највеселите секако беше Тања, а она што сите го забележаа е дека блескаше во своето модно издание.
Имено, пејачката за оваа пригода избра поприлично шик комбинација, а како изгледаше, погледнете во продолжение.
Приватна архива
Инаку, деновиве и ќерката на Тања, Драгана, го лансираше својот нов спот (види тука), а во врска со новиот ресторан, пејачката вели:
„По толку години посветена работа како вокален солист, и истовремено како психолог, почувствував дека е време да создадеме нешто ново заедно со мојот сопруг и нашите партнери– но повторно поврзано со емоции и луѓе. Така се роди идејата за Аура – ресторан во кој ќе се спојат гастрономијата, атмосферата и она што секогаш сум го носела со себе – топлината и желбата секој да се чувствува убаво“.
Приватна архива
Аура не е само место каде што се јаде – туку доживување. Секој детаљ – од музиката во позадина, до внимателно одбраните јадења и начинот на услуга – е осмислен за да создаде чувство на удобност, елеганција и топлина. Сакавме тоа да биде катче каде што луѓето ќе се враќаат не само поради вкусната храна, туку и поради чувството што ќе го понесат со себе, вели за Гламур познатата пејачка.
Што друго ни откри Тања, прочитајте во продолжение…
Приватна архива
Прашање: Каква кујна нуди Аура?
Комбинираме модерна и традиционална кујна – јадења кои ќе ве потсетат на домашното, но со свеж, креативен пристап. Имаме и специјални менија кои се прилагодуваат на сезоната и желбите на нашите гости. Секако, сето тоа е направено со многу љубов и посветеност.
Приватна архива
Прашање: Што би им порачале на вашите идни гости?
Дека Аура е тука за нив – за да ги пречекаме со насмевка, да им понудиме нешто вкусно и да им подариме моменти што ќе ги паметат. Ве очекуваме со отворено срце и радост, и се надевам дека секоја посета ќе биде ново уживање кое ќе посакате да го повторите.