Нашата позната фолк-пејачка во најкусото фустанче – погледнете го детаљот што го носи на нозете
Популарните пејачки Селена Гомез и Стојне Николова оваа сезона носат слични чизмички

Овој микро модел е „маст-хев“ во светот
Откако се појавија на модната сцена, многу девојки ги обожаваат, а секој сезона освојуваат и со нови модели.
Станува збор за популарните UGG чизми и сите нивни варијанти, кои полека но сигурно повторно ги освојуваат дамите ширум светот.

Инстаграм/ Стојне Николова
Па така неодамна Селена Гомез на својот Инстаграм сподели серија фотки и се пофали со својот нов, плиток модел.
Во пресрет на новата зимска сезона, токму овој модел веќе ги преплави нашите социјални мрежи, а девојките од цел свет ги обожаваат.

Инстаграм/ Стојне Николова
Една од нив е и нашата фолк-пејачка Стојне Николова, која на Инстаграм откри како ги стилизира овие чизмички.
Имено, Стојне својот микро модел го носеше со тесно бело фустанче со ролка јака и долги ракави, преку кој носеше тренди капут во бела боја. Поприлично впечатлив беше моментот и со долгите зимски чорапи во светло сива нијанса, како и капчето во потемна беж боја.

Инстаграм/ Стојне Николова
Кусиот плетен фустан внесе доза на тивок луксуз и женственост во целата комбинација, истакнувајќи ги згодните нозе на пејачката, на кои овие чизмички изгледа префинето, а не грубо.

Инстаграм/ Стојне Николова
И за разлика до класичните високи модели, микро верзијата на овој хит модел е полежерна и полесна за комбинирање – од тесни фустани како што демонстрираше Стојне, па се до фармерки и панталони за поопуштени денови. Едноставно изгледаат многу прилагодливи и мошне шик доколку се изберат вистинските детали со кои ќе ги носите.

Инстаграм/ Селена Гомез
Па, доколку ви се допаѓа ова есенско издание на Стојне на следната страница погледнете и неколку слични модели…



