Нашата позната фолк-пејачка во минич и боса – објави фотографија од креветот во спалната соба
Едно од нејзините омилени места за селфи фотографии

Блеска во секое свое издание
Познатата фолк-пејачка Анета Ацевска се снимаше во спалната соба во издание со кое никого не остави рамнодушен.
Имено, таа носеше тесен црн фустан, со тенки прерамки и кусо здолниште, така што во фокусот беше нејзиното тело.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Позираше седната на креветот, свртена кон огледалото и боса, а косата и беше врзана во висока опашка и на усните имаше црвен кармин со кој пејачката ги истакна убавите црти на своето лице.
И бидејќи креацијата беше куса и поприлично тесна, пејачката изгледаше мошне провокативно во ова опуштено издание, а не можеа да поминат незабележано и нејзините тетоважи на телото.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Инаку, Адриана недамна зборуваше за лошиот период низ кој што помина и кој сега веќе е далеку зад неа.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Имено, таа пред неколку месеци имаше една интервенција на гласните жици, од која веќе одамна целосно закрепна.
„Да, имав полипи на гласни жици, тоа во глобала е проблем на сите пејачи. Јас заради постојани ангажмани ја одлагав повеќе од година дена и веќе беше неизбежно, фала му на Бога полека се враќам во нормала и се надевам дека за скоро ќе бидам старата јас“, изјави тогаш познатата фолк-пејачка за Гламур магазин.
Целото интервју со Андријана прочитајте го тука...