Нашата позната фолк-пејачка се пофали со својата матурантка – изгледа како топ модел (фото)
Ќерката на познатата пејачка изгледаше како принцеза, а фустанот никого не остави рамнодушен

Нашата позната фолк-пејачка Тања Јовановска-Трајкова на социјалните мрежи се пофали со својата ќерка Драгана која е матурантка.
Имено, нејзината наследничка заврши средно училиште, па сега гордата мама откри како таа ќе изгледа на својата матурска.
Инстаграм/ Тања Јовановска
Тања ќерката ја доби од бракот со Младен Јовановски, кој е професор по музичко, а по нивните стапки тргна и Драгана.
Но покрај талентот за музика што го наследила од своите родители, оваа млада дама како да ги наследила и најубавите црти од нив.
Инстаграм/ Тања Јовановска
Па така многумина беа воодушевени од ова издание на Драгана, за што зборуваат и бројните лајкови и коментари.
Таа за матурската избра елегантен црн фустан, со голи раменици и длабок шлиц и во овој модел изгледаше како холивудските диви.
Инстаграм/ Тања Јовановска
Матурантката целото издание го зачини со преубава шминка и фризура, а како изгледаше, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Тања Јовановска
Потсетуваме, Тања многу пати досега истакнала дека најмногу се гордее со своето семејство што го основаше со Младен.
И таа како и нејзината ќерка е мошне активна на социјалните мрежи, а важи за дама која и денес плени со својот шарм и убавина.
Инстаграм/ Тања Јовановска
Како изгледа Тања во костим за капење погледнете тука.
Инстаграм/ Тања Јовановска
Инаку, Тања е родена велешанка, но мажена во Куманово, а што вели пејачката за овие два града, откријте тука…