Нашата позната фолк-пејачка никогаш посреќна – ѝ пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Пејачката го прослави роденденот на својата внукичка
Пејачката никогаш посреќна
Познатата фолк-пејачка Даниела Темелковска овие празнични денови има и една посебна причина за радување.
Имено, Даниела пред точно две години стана баба кога нејзиниот син Даниел и снаата Ема ја добија малата Јана.
Слатката Јана сега наполни две години, а гордата баба се фотографираше со внуката блескајќи од среќа покрај неа.
Инстаграм/ Даниела Темелковска
Од фотографиите што ги објави на Инстаграм Даниела, но и нејзиниот син, може да видиме дека сите беа весели и се радуваа, посебно бабата за која не се сомневаме дека беше најсреќна.
Инстаграм/ Даниела Темелковска
Потсетуваме, Темелковска во септември 2022 година го ожени синот Даниел кој исто така е пејач и со кого често настапуваат заедно.
Инстаграм/ Даниела Темелковска
Неколку месеци подоцна, односно во јануари 2023, Даниела си ја доби и внуката, а заради нејзиниот младешки изглед, потполно заслужено ја доби и титулата најзгодна баба меѓу пејачките во Македонија.
Инстаграм/ Даниела Темелковска
„Колку е убаво чувството кога прв пат стануваш баба, а тоа чувство не се опишува, само се доживува. Нека ми е жива, здрава и среќна внуката Јана, а јас како баба секогаш ќе ја милувам и посипувам со љубов од срце и од душа, а на моите деца им благодарам за најубавиот дар и Бог да ми ги чува“, напиша тогаш гордо Даниела Темелковска кога се оствари во оваа нејзина нова животна улога.