Нашата позната фолк-пејачка не сте ја виделе во вакво издание – ги изненади сите со само еден потег
Анета воодушеви со новата фризура

Познатата пејачка Анета Љумаковска повторно ги изненади своите бројни обожаватели со својата нова фризура.
Овој пат станува збор за фризура која е модерна и впечатлива, но и провокативна и поприлично фенси во исто време.
Ова се однесува како на бојата, така и на начинот на кој нашата пејачка ја носеше, ноншалантно блескајќи од глава до пети.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, црвената коса е во тренд и оваа година, а различните нијанси можат да ја трансформираат секоја жена.
Овие нијанси изгледаат посебно импресивно на кратка коса, а наменети се за дами кои имаат самодоверба, кои не се плашат да блескаат и се отворени за нови предизвици во животот.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Нашата позната пејачка важи за токму една таква дама, а со ова свое издание успеа уште еднаш да ја изненади својата публика.
Токму ваквите бјути моменти потврдуваат дека деталите се тие што се најважни, а оваа фризура на Анета токму тоа и го потврдува.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката ја носеше со црвени панталони, мало црвено сако и кармин во истата нијанса, додека тесното боди и манакирот беа во бела боја, така што ваквиот контраст совршено се вклопи во целото издание.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Па, од 1 до 10 со колку би го оцениле ова издание на Анета?