Нашата позната фолк-пејачка конечно ќе се мажи? Венчаницата преубава, мајка ѝ се израдува
Ова вест ги изненади нејзините фанови
Пејачката Марија Тодоровска, попозната како Марија Луиса, објави фотографија на која е во венчаница и сите ги изненади.
Таа фотографијата ја испрати на својата мајка, а потоа ја сподели и преписката со неа и ги насмеа своите бројни фанови
Имено, пејачката ја праша преку порака дали и се допаѓа како невеста, по што доби позитивен одговор, па таа се пошегува.
Инстаграм/ Марија Луиса
„Епа тогаш зачувај ја сликата бидејќи само вака можеш да ме видиш невеста“, се пошегува на своја сметка пејачката.
Инаку, ова не е прв пат пејачката да се шегува на ваков начин, а во една пригода се спореди со бидермаер, и тоа од следниве причини.
Инстаграм/ Марија Луиса
Сите кои биле со мене во врска после мене се ожениле. Што сум јас – бидермаер, се запраша во една пригода Марија.
Инстаграм/ Марија Луиса
Потсетуваме, Марија и пред неколку месеци исто така се пошегува со својата мајка, кога реши да ја изненади за роденденот.
Инстаграм/ Марија Луиса
Марија тогаш ја почести со роденденска торта, а кога нејзината мајка требаше да ги дувне свеќичките, пејачката ја предупреди:
„Е сега да си замислиш желба, ама немој да си замислуваш да се мажам затоа што и годинава нема да ти се оствари“, и порача пејачката во шега на својата мајка, додека таа од возбуда и подарокот одвај издржи да не заплаче.
Инстаграм/ Марија Луиса
Како изгледаше и овој момент, потсетете се во продолжение…