Нашата позната фолк-пејачка има три деца, а изгледа неверојатно и на 44 години и мами воздишки
Елена знае како да ги изненади своите фанови
Познатата пејачка блеска во секое свое издание
Пејачката Елена Велевска од бракот со својот поранешен сопруг има три деца, а многумина и денес и завидуваат како изгледа.
Имено, познатата фолк-пејачка се уште изгледа беспрекорно, а за тоа зборуваат и нејзините изданија на социјалните мрежи.
На секое од нив Елена зрачи со самодоверба и блеска со својот шарм, а се почесто привлекува внимание и со својот стил.
Инстаграм/ Елена Велевска
Така беше и со своето последно издание во кое носеше блуска со шарено лого од популарниот светски бренд „Moschino“, а ги изненади сите и со својата преубава шминка и фризура зачинета со благи локни.
Инстаграм/ Елена Велевска
Покрај ова издание, Елена неодамна блесна и кога носеше еден интересен фустан во сива нијанса украсен со копчиња и со впечатливи црни детали, а целото издание го „заокружи“ со црни хулахопки и црни салонки со високи потпетици.
Инстаграм/ Елена Велевска
Па, кое од овие две изданија на Елен ви се допаѓа повеќе?
Инстаграм/ Елена Велевска
Потсетуваме, Елена пред само неколку дена го прослави својот 44-ти роденден, а на својот профил на социјалните мрежи сподели и честитка што ја доби од својата ќерка Калија.
Инстаграм/ Елена Велевска
Покрај Калија пејачката ја има и ќерката Софија која е средношколка и е нејзино најстаро дете, а го има и синот Марко.
Инстаграм/ Елена Велевска
Пејачката трите деца ги има од поранешниот сопруг Марјан Мирчески од кого се разведе во 2020 година.
Инстаграм/ Елена Велевска
Како што самата истакна во една пригода, тие се запознале на една турнеја на Велевска во Австралија во 2002 година, по што Марјан решил да се врти во Македонија и да продолжи да живее тука.
Инстаграм/ Елена Велевска
Марјан е татко и на две возрасни деца од претходниот брак кои останале да живеат со мајката во Австралија.