Нашата позната фолк-пејачка има ново момче? Прва фотографија по разводот со нов партнер (фото)
Ќе се изненадите за кого станува збор

Една фотографија, милион коментари
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска ги изненади сите со една од своите последни објави на Инстаграм.
Имено, таа по разводот неколку пати зборуваше за својот емотивен статус, но сега за прв пат покажа дека во нејзиниот живот сепак постои некој што е посебен, со што пејачката ги изненади сите.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Веќе некое време се шушка дека Анета има ново момче, иако таа досега не се огласувала во врска со ова прашање.
Но овој пат таа очигледно реши да го скрши мразот, па сподели фотографија на која се држи со машко лице за рака.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Тие се возат во автомобил, а пејачката сега за прв пат покажа кој е виновен за пеперутките во стомакот.
Станува збор за музичарот Рубин Размо, поранешен член на „Молика“, колега и на нејзиниот поранешен сопруг.
Како тие изгледаат заедно, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, Анета по разводот од својот поранешен сопруг продолжи сама со својата кариера, а настапува и со „Декапо бенд“.
Таа објави и неколку нови песни, а во последно време често привлекува внимание и со своите објави на Инстаграм.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, таа по разводот драстично го промени имиџот, а многумина цело време се прашуваа дали зад овие промени се крие и некоја нова романтична приказна во нејзиниот приватен живот.
Пејачката очигледно реши дека сега е вистинскиот момент тоа и да го открие, па веднаш предизвика бура од реакции.
Па, како ви се допаѓа оваа двојка како пар?