Нашата позната фолк-пејачка и нејзината ќерка (19) како другарки – никој не верува дека ѝ е мајка (фото)
Јавноста изненадена од ова нивно издание

Нејзината објава ги изненади сите
Ќерката на нашата позната фолк-пејачка Тања Јовановска Трајкова (47), Драгана, која што ја доби од бракот со Младен Јовановски, е една прекрасна млада дама што остава без здив.
Таа својата убавина, но и талентот за музика го има наследено од своите родители, па веќе сигурно чекори по стапките на својата мајка, со неколку успешни песни и спотови зад себе.

Инстаграм/ Драгана Јовановска
Драгана оваа година беше матурантка, а својата кариера ја започна уште како малечка, во „Пинковите ѕвездички“.
Неколку години подоцна, се појави и на „Макфест“, а во меѓувреме и порасна во вистинска убавица.

Инстаграм/ Драгана Јовановска
Никој не верува дека се мајка и ќерка
Таа деновиве објави една заедничка снимка на која е со својата мајка, а многумина беа изненадени од ова нивно издание.

Инстаграм/ Драгана Јовановска
Имено, Драгана се снимаше додека и двете се дотеруваат во тоалетот и видеото го објави на својот Инстаграм, а многумина коментираа дека изгледаат како другарки, а не како мајка и ќерка.

Инстаграм/ Драгана Јовановска
Потсетуваме, Тања Јовановска-Трајкова е велешанка, но откако се омажи со сопругот и семејството живее во Куманово.

Инстаграм/ Драгана Јовановска
И нејзиниот сопруг се занимава со музика, односно е професор, додека нивната ќерка се пробива на нашата поп-сцена.

Инстаграм/ Драгана Јовановска
Таа пред неколку месеци ги воодушеви фановите со песната и спотот што ја објави, а повеќе за ова прочитајте тука.




