Нашата позната фолк-пејачка и на 66 години изгледа неверојатно – не сте ја виделе во вакво издание
Нема да ви се верува како изгледа нашата фолк-кралица Благица Павловска и во седмата деценија

Благица Павловска која пред неколку месеци наполни 66 години и денес плени со својот изглед каде и да се појави.
Тоа впрочем можевме да го видиме и од нејзиното последно издание со кое се појави во емисијата „Седмо небо“ кај Марјана Станојковска.
Облечена во црни хеланки и во интересен фустан со леопард дезен и со впечатливи детали, Блага блескаше од глава до пети, па следуваа бројни пофалби на сметка на нејзиниот изглед.
Фејсбук/ Благица Павловска
Таа целото издание го заокружи со тренди црни чизмички со високи потпетици и преубава фризура, а како изгледше, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Марјана Станојковска
Потсетуваме, Благица веќе со децении е присутна на нашата музичка сцена, а зад себе има голем број песни кои и денес се хитови.
Инстаграм/ Марјана Станојковска
Пејачката уште од самиот почеток на својата кариера плени и со својот раскошен изглед, а неодамна откри како изгледала пред две и кусур децении, на својот 40-роденден.
Фејсбук/ Благица Павловска
Благица некогаш и сега
Но кога ќе се дотера, Благица и денес изгледа поприлично занесно за свои години, а тоа го покажа и со ова издание, нели?
Фејсбук/ Благица Павловска
Имено, оваа фотографија на која Благица е со виткана коса е од деновите кога таа го славеше 66. роденден, па и тогаш многумина беа изненадени од безвременскиот шарм на познатата пејачка.
Таа и тогаш изгледаше минимум десет години помладо, а и фризурата со локни и стоеше феноменално.