Наши ѕвезди

Нашата позната фолк-пејачка и гајдаџика се породи за Митровден – ќерката си доби преубаво име

Прва фотографија на пејачката со бебенцето

Advertisement

Пејачката со емотивни зборови се обрати до својата ќеркичка

Познатата пејачка и гајдаџика Елена Јовческа влезе во нова фаза од својот живот откако се породи и си доби ќеркичка.

Advertisement

Пејачката и нејзиниот партнер на својата наследничка која се роди на Митровден и го дадоа преубавото име Талија.

Принтскрин/ Јутуб

Овој момент на среќа пејачката го сподели на социјалните мрежи, со емотивни зборови и фотографија од породилиштето.

Еве што напиша во описот на фотографијата:

Инстаграм

„На овој прекрасен ден Митровден, 08.11.2025 се роди нашата Талија. Ти благодарам Господе“, напиша пејачката.

Елена по објавата доби бројни честитки од своите колеги и колешки, а сподели и неколку фотографии на кои е со трудничко стомаче.

Инстаграм

Име со моќно значење

Инаку, ова име не е со македонско потекло и е ретко и потполно е нетипично за нашите краеви иако има многу моќно значење.

Имено, Талија е женско име со грчко -латинско потекло.

Инстаграм

Името настанало од латинскиот збор „thalia“ што значи цветање, расцутување, додека грчкиот збор „thaleia“ претставува муза, срж.

Инстаграм

Луѓето со името Талија се нежни и мирни по природа.

Оние кои го носат ова име имаат смирувачки ефект врз околината и секогаш се полни со зборови на утеха за другите. Ова име се поврзува со успех во приватниот живот, пишува на страницата „Knjigaimena.com“.

Инстаграм

И во бизнисот успешна

Потсетуваме, Елена покрај тоа што е пејачка, таа е препознатлива и по тоа што свири на гајда, но и на зурла, хармоника и пијано. Покрај музиката има и сопствен козметички салон, а во една пригода откри и како дошла до идејата да заплови и во бизнис водите.

Идејата не ја добив сама со себе. Јас сакав да направам нешто каде што ќе имам втор дом меѓутоа идејата дојде кога се запознав со Натали Павлович која ми е партнер во ЕН Бјути. Кога ја запознав ми раскажуваше некои работи во врска со овој бизнис и сфатив дека од самата јас немам подобра реклама, бидејќи ако јас не сум средена и не изгледам на моите настапи спотови перфектно нема ни нашите клиенти. Затоа некогаш викам бидејќи како јас што сакам да изгледам средено така и нашите клиенти. И ние грешиме не велам не, но таа грешка секогаш ја исправаме. Сега сум секогаш средена, спремна, а дали има поубаво нешто од тоа да има кој да ве направи во било кое време?! Мојот одговор е НЕМА (се смее) Среќна сум многу се ЕН БЈУТИ, среќна сум со нашите клиенти и целиот тим кој се грижи за сите нас. Така е создаден ЕН БЈУТИ, каде што е вложено многу љубов, ама истовремено изгубено и многу нерви (повторно смеење).

Што друго откри Елена во интервју за Гламур, дознајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button