Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната фолк-пејачка ги „шокираше“ сите со скандалозната објава – како од мајка родена

Овој пат се надмина и самата себеси

Реклама

„Славата е убава, но отвора големи рани“, коментираше Марија.

Иако ова не и е прв пат на пејачката Марија Луиса на ваков начин да „шармира“, овој пат како да се надмина самата себеси.

Имено, Марија со својата последна објава отиде еден чекор понатаму, па направи нешто што ретко која друга би го направила.

Маркетинг

Таа позираше како од мајка родена, а телото го покри само со бели ленти преку кои имаше напишано македонски зборови.

Маркетинг
Инстаграм/ Марија Луиса

И додека само најинтимните делови и беа покриени со овие ленти, сето останато беше оставено како на „тацна“.

Пејачката со ова свое издание многумина потсети на Јелена Карлеуша, а како изгледаше, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Марија Луиса (Индустриал медиа)

„Слава, пари, сеир, падови, тајни, предрасуди, омаловажување, истрајност, деградирање и многу други етикети со кои треба да се носиме“, напиша Марија под фотографијата на Инстаграм, па го додаде и следново:

„Славата е убава, но отвора големи рани“, заклучи Марија.

Инстаграм/ Марија Луиса

Инаку, покрај ова свое брутално фотче, Марија сподели и неколку снимки на кои е со човекот што и значи најмногу во животот.

Инстаграм/ Марија Луиса

Станува збор за нејзиниот роден брат, а Марија на овој начин му го честиташе роденденот, заедно со следнава емотивна порака.

Инстаграм/ Марија Луиса

„Ако за некого би го срушила светот тоа си ти. Те сакам најмногу, биди најсреќен како што и заслужуваш, а желбите секако ти се остваруваа. Среќен роденден батичко“, напиша Марија за својот брат.

Инстаграм/ Марија Луиса

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button