Нашата позната актерка ужива со сопругот и нивната мала принцезичка – мама се топи во овие гушки
Најслатките фотки за денес...

Нашата позната актерка покажа како ужива во одморот со својата ќеркичка, но и со саканиот сопруг.
Познатата македонска актерка Емра Куртишова (39) е во брак со својот колега од театарот за деца и младинци, Петар Стојанов.
Тие по три години врска запловија во брачните води, а оваа година ќе го слават вториот роденден на нивната ќеркичка Лена.
Емра која на нашата јавност најмногу и е позната по улогата на Исаура од „Преспав“ сега на својот профил на социјалните мрежи сподели неколку фотографии на кои е со ќерката и ги разнежи сите.
Имено, таа најпрво позираше на плажа додека ја држи малата принцезичка во рацете, а потоа во кадарот беше и сопругот.
Како изгледаа овие среќни семејни моменти и како ќеркичката Лена го украде шоуто, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Емра Куртишова Стојанова
Потсетуваме, Емра и Петар беа три години во врска пред да застанат на лудиот камен, а Петар ја запроси на нејзин роденден.
Инстаграм/ Емра Куртишова Стојанова
Тие во јуни месец 2023 година направија свадба, а Емра по неколку месеци се породи и ја роди малата Лена.
Инстаграм/ Емра Куртишова Стојанова
Како тие сега уживаат во нивната најважна и најголема животна улога, погледнете од фотките во рамките на овој текст.
Инстаграм/ Емра Куртишова Стојанова
„Среќа до небо и назад. Гордост наша, среќен роденден“, напиша Емра под една од овие нејзини објави на Инстаграм.
Инстаграм/ Емра Куртишова Стојанова
View this post on Instagram